Фестивалот Cannes Lions ја објави листата на глобални експерти од сите креативни индустрии кои ќе ги изберат најдобрите креативни проекти за 2025 година. Пријавените проекти од целиот свет ќе бидат оценувани, наградени и прославени за време на Меѓународниот фестивал на креативност Cannes Lions, кој ќе се одржи од 16 до 20 јуни 2025 година во Кан, Франција.
Целосниот список на членови на жирито, по категории, е достапен на следниот ЛИНК. Во продолжение ги пренесуваме членовите на жирито кои доаѓаат од Југоисточна Европа, односно од Балканот.
За прв пат во историјата на Cannes Lions, жирото ќе има член од Босна и Херцеговина. Се работи за Харис Мујановиќ, генерален извршен директор на агенцијата Via Media, кој ќе учествува во жири-комисијата за категоријата „Media Lions“.
Во истото медиско жири ќе учествува и Сибел Улку од Турција, инаку извршна директорка за клиенти во GroupM и Wavemaker. Турција има уште една претставничка – Ела Гокан Савџи, извршна директорка на MullenLowe, која ќе ги оценува пријавените проекти во категоријата „Creative Strategy Lions“.
Хрватски претставник во жирито на фестивалот ќе бида Јелена Фишкуш, креативен директор и ко-основач на Studio Sonda. Таа ќе биде дел од жирото на категоријата „Industry Craft Lions“, каде ќе учествува и грчкиот претставник Јанис Василопулос, креативен директор на Frank&Fame.
Словенечки претставник ќе биде Јанез Ракушчек, извршен креативен директор на Luna\TBWA, кој ќе ги оценува проектите пријавени во категоријата за надворешно огласување „Outdoor Lions“. Во истата категорија ќе учествува и унгарскиот претставник Иштван Брачок, генерален креативен директор и основачки партнер во агенцијата White Rabbit Budapest.
Романската претставничка Ралука Ковач, генерална директорка за стратегија и основач на агенцијата Better, ќе учествува во оценувањето на кампањите од категоријата „Health & Wellness Lions“. Во работата на комисијата за „Film Craft Lions“ ќе учествува бугарскиот претставник Константин Трендафилов, основач и креативен директор на агенцијата Human.
„Сите наши членови на жирито играат клучна улога во обликувањето на наградените дела на Cannes Lions. Оваа година, гледаме невидено ниво на глобален ангажман од заслужени таленти, со повеќе пазари, повеќе гласови и повеќе перспективи што се здружуваат за да го препознаат глобалниот креативен бенчмарк. Би сакал да ја изразам мојата благодарност за нивната напорна работа и грижа во курирањето на проектите што ќе го постават глобалниот стандард и ќе напишат историја“ – истакнува Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
Повеќе информации за овогодинешното жири, како и за самиот фестивал и наградите, можете да најдете на canneslions.com.