Publicis Groupe CEE го соопшти назначувањето на Барбара Грабивода како прв генерален директор за трговска стратегија (Chief Commerce Strategy Officer) за регионот на Централна и Источна Европа.
Приоритетите на Барбара во оваа новоформирана улога ќе бидат фокусирани на раководење со развојот и имплементацијата на стратегиите за трговски и малопродажни медиуми на клучните пазари во Централна и Источна Европа, како и зајакнување на посветеноста на Publicis Groupe кон иновациите, интеграцијата и растот на клиентите во комуникациска средина која динамично се развива.
Ова вклучува поврзување на малопродажните медиуми и трговските содржини, иновации во содржините со поддршка на вештачка интелигенција, скалирање на производи и услуги, развој на хабови, поттикнување на раст и иновации кај клиентите, како и подобрување на приспособливоста за клучните малопродажни клиенти кои работат на повеќе пазари.
Барбара носи богато искуство во областа на трговската стратегија, дигиталната трансформација и скалабилната продукција на содржини. До неодамна, таа беше генерален директор за стратегија во PXP / Publicis Production, револуционерно решение кое ги комбинира технологијата и маркетингот и овозможува побрза и персонализирана продукција на содржини. Таму, таа одигра клучна улога во обликувањето на стратегиите за е-трговија и производи, поттикннувањето на иновациите и зајакнувањето на соработката меѓу тимовите.
Во текот на нејзиното повеќедецениско искуство на страната на клиентите, Барбара имала водечки позиции во компаниите LOT Polish Airlines, Alior Bank и Tchibo, каде успешно ги комбинирала своите деловни и маркетинг познавања за да иницира дигитална трансформација.
Покрај нејзината извршна улога, Барбара е лидер и во креирањето на содржини генерирани од вештачка интелигенција. Во 2024 година, таа беше автор на „Supercharging Content Production with GenAI: Turning Buzzwords into Scalable Practices – A Cross-sector Analysis“ – истражување за влијанието на вештачката интелигенција врз ефикасноста и оптимизацијата во креирањето содржина.
Барбара има докторирано на Економската школа во Варшава (Warsaw School of Economics), каде нејзиното истражување за куповното однесување на генерацијата Z е прогласено за најдобра докторска теза на годината. Покрај тоа, Барбара е предавач на врвни полски универзитети и автор на книгата „The Economics of Digital Shopping in Central & Eastern Europe“ (Cambridge University Press, 2022).
Коментирајќи го назначувањето на Барбара, генералната оперативна директорка на Publicis Groupe CEE, Марија Тудор, рече: „Назначувањето на Барбара ја нагласува нашата посветеност кон градењето на најсовремени стратешки капацитети, трговија и малопродажни медиуми во регионот на Централна и Источна Европа. Таа носи исклучителна визија, детално знаење од индустријата и докажана способност да ја поттикне трансформацијата. Уверени сме дека под нејзино водство, нашата стратешка понуда ќе продолжи да се развива и да дава значајни резултати за нашите клиенти“.
„Возбуден сум што ќе го преземам овој нов предизвик во Publicis Groupe CEE и ќе продолжам да поттикнувам иновации што ги обединуваат знаењата од бизнисот, содржините и технологијата. Како што пазарот продолжува да се развива, ние сме тие кои имаме неверојатна можност да ја обликуваме иднината за нашите клиенти, создавајќи интегрирани решенија базирани на податоци и вештачка интелигенција“ – додава Барбара Грабивода.