На 4 ноември во Скопје, најпрестижната регионална E-Commerce конференција, по осми пат ќе обедини повеќе од 800 експерти и технолошки иноватори од водечките компании и институции во регионов под мотото “Fasten the future” („Засилете ја иднината“). Над 20 врвни говорници ќе споделат клучни сознанија и трендови од светот на дигиталната трговија – од заштитата на податоците и идентитетот на корисниците, до трансформацијата на креативната индустрија и дигиталниот маркетинг, особено под влијание на вештачката интелигенција (ВИ). Еден од најочекуваните моменти во програмата е излагањето на Барбара Грабивода, светски признаена експертка за е-трговија и Chief Commerce Strategy Officer во Publicis Groupe, одговорна за регионот на Централна и Источна Европа.
View this post on Instagram
Докажана лидерка и визионерка во дигиталната трговија
Барбара Грабивода е доктор на науки на Warsaw School of Economics, каде што нејзината докторска дисертација беше наградена за најдобра истражувачка работа за куповното однесување на генерацијата „Z“. Потпирајќи се на долгогодишното искуство во Publicis Groupe–глобален лидер во интеграцијата на data-driven платформи и концептот на „поврзан идентитет“ (Connected Identity), Барбара има исклучителна експертиза во трансформацијата на брендовите кон конзистентна, персонализирана и етичка дигитална комуникација со потрошувачите.
Во своето обраќање на панелот „The Future of E-Commerce, Harnessing AI, Data and Connected Identity for Growth“, д-р Грабивода ќе ја открие визијата за тоа како брендовите можат да изградат екосистем заснован на податоци, кој овозможува длабоко персонализирани искуства, поефикасна комуникација и мерливи бизнис резултати. Таа ќе говори и за одговорното користење на податоците на корисниците во деловните процеси поддржани од вештачката интелигенција, нагласувајќи колку е важно транспаретно да се објасни начинот на употреба на ВИ и алатките за заштитата на приватноста на потрошувачите, но и колку ВИ ја трансформира е-трговијата и го поттикнува вистинскиот економски раст.
„Држењето до старите системи и начини на размислување по секоја цена претставува поголема закана за работните места отколку самата вештачка интелигенција,“ вели Грабивода. Таа верува дека иднината е во етичкото приспособување на вработените и нивната подготвеност да ја користат технологијата како поддршка и алатка, а не како замена, во секојдневните задачи.
Publicis Groupe: хаб каде што се обликуваат идните лидери во индустријата
Покрај д-р Барбара Грабивода, Publicis Groupе го испраќа како говорник и експертот од канцеларијата во Скопје, Василије Ќорлука кој за време на неговата интерактивна сесија „Unlocking The Potential of Your First Party Data“ ќе го воведе концептот на „Платформа за податоци за клиенти“ (Customer Data Platform-CDP). Моделот им овозможува стратешки пристап на бизнисите од различни индустрии да го откријат целосниот потенцијал на податоците во корист на клиентите, да го забрзаат растот и да ја подигнат целокупната ефикасност на компаниите.
Publicis Groupe како лидер во областа на e-commerce веќе има развиено глобални и локални решенија за data, e-commerce, customer experience – вистински двигател на промените кои ја трансформираат индустријата. Со својата експертиза, иновации и стратешка визија, Publicis Groupe го трасира патот на дигиталната ера, инспирирајќи компании и професионалци да растат, да напредуваат и активно да обликуваат персонализирана, одржлива и развиена технолошка сфера.


















