Барбара Крајнц, директорката на Словенската Огласувачка Комора (SOZ), именувана е во Извршниот одбор на Светското Здружение на огласувачи (World Federation of Advertisers, WFA) чиј член е и СОЗ. Извршниот одбор е највисок одбор на WFA , кој ја одредува и реализира стратегијата на WFA, и него ќе го води Martin Riley, претседателот на WFA и извршниот директор Pernod Ricard.
Други новоименувани членови на WFA се :
– Matthias Berninger, потпретседател на WFA,
– Mike Hughes, главен благајник на WFA и генерален директор на Британското здружение на гласувачи.
– Loic Armand, регионален потпретседател за Западна Еврпа, претседател на L’Oréal France;
– Idorenyen Enang, регионален потпретседател за Африка
– Javier Medrano, регионален потпретседател за Латинска Америка
Регионалните потпретседатели имаат улога на регионални амбасадори на WFA и тесно да соработуваат со членовите на националните здруженија и корпорации. Мандатот им трае 2 години.
Останати нови членови на Извршниот одбор се и :
– Michael Birkin, маркетинг директор на Acer
– Pierre-Jean Bozo, генерален директор на UDA,Франција
– Mariann Coleman, директорка за глобално агенциско раководење на Intel Corporation
– Eleonore Ogrinz, раководител за меѓународно огласување на Red Bull
– Joris Pollet, директор за јавни работи за Исток, Блиски Исток, Африка и Азија, P&G
– Roel de Vries, потпретседател на Nissan Motor Co. Ltd.
– Wouter Vermeulen, директор за јавни работи и комуникации, EU, Coca-Cola
– David Wheldon, бренд директор на Barclays
Целата листа со членови на WFA можете да ја видите на следниов линк: http://www.wfanet.org/executive
Извор: Медиа-Маркетинг