По повод Светскиот ден на тестенините (25 октомври), италијанскиот производител на тестенини Barilla организираше извонредна прослава во Њујорк, каде што нивните препознатливи кутии за тестенини симболизираа поврзаност, охрабрувајќи ги луѓето да патуваат низ градските населби за да споделат оброк со најблиските.
Со денешното брзо темпо, кога градскиот живот често има приоритет, навиките за јадење се менуваат, при што повеќе луѓе јадат сами и покрај тоа што пријателите или семејството понекогаш се само неколку улици оддалечени од нив.
На 25-ти октомври, во соработка со метрото во Њујорк, Barilla ги трансформираше нивните кутии за шпагети во „Билети за заедништво“ („Togetherness Tickets“), нудејќи им на патниците бесплатно возење. Надвор од метро-станицата Хадсон Јардс, беше поставен специјален киоск од Barilla кој нудеше бесплатни кутии за тестенини на случајните минувачи.
Овие кутии, опремени со суптилна технолошка влошка, функционираа како билети за метро – овозможувајќи им на луѓето да пристапат до платформите без проблем. Кампањата на Barilla не нудеше само бесплатно возење, туку и покана до луѓето да се оттргнат од секојдневните соло-рутини и повторно да се поврзат со своите сакани преку оброк со тестенини.
Едно глобално истражување спонзорирано од Barilla во август 2023 година открило дека 60% од испитаниците јаделе почесто сами во текот на изминатите две години, а како главна причина за тоа ги наведувале презафатените работни распореди. Скоро половина (48%) од учесниците забележале дека работното време ги спречува да ги делат оброците, а 37% ја посочиле географската оддалеченост како растечки фактор за самостојно јадење.
Сепак, и покрај тоа што 63% признале дека јадат сами во текот на неделата, огромно 93% изразиле верување дека редовното споделување оброци позитивно влијае на односите со пријателите и семејството. Одговарајќи на оваа потреба за поврзување, Barilla имаше за цел да ги потсети луѓето на уникатната способност на тестенините да ги зближат луѓето.
Кампањата била осмислена и спроведена во соработка со креативната агенција LePub.