Со цел промоција на својот асортиман на премиум тестенини Al Bronzo, италијанскиот бренд за тестенини Barilla лансираше современа и драматизирана реинтерпретација на класичниот цртан филм „Дамата и скитникот“ (1955) на Disney.
Краткиот игран филм раскажува за средбата помеѓу една добро ситуирана жена и еден скитник на железнички мост, евентуално водејќи до мала каллива уличка за романтична вечера со тестенини приготвени од врвни кулинарски мајстори.
По повод лансирањето на кампањата, потпретседателката за глобален маркетинг на Barilla, Иларија Лодиџијани, изјави: „Асортиманот Al Bronzo е целосно насочен кон унапредување на квалитетот на животот, притоа овозможувајќи им на потрошувачите да ја пронајдат истата искра за авантура како онаа што ја доловувавме во нашата реинтерпретација на „Дамата и Скитникот“. Како бренд за храна, сакаме енергијата што се служи во чиниите со нашите тестенини да помогне да се подигне искуството на јадење и да се создадат незаборавни оброци во кои сите ќе уживаат“.
Кампањата е создадена во соработка со агенцијата Publicis Italy (Le Pub), а идејата се родила како разултат на едно истражување на Barilla кое покажало дека 55% од луѓето сакаат да поминуваат повеќе време со семејството и пријателите, а 29% копнеат да поминуваат повеќе квалитетно време со саканите.