Германскиот фармацевтски гигант Баер (Bayer) ќе ја превземе американската ГМО компанија Монсанто (Monsanto).
Последната понуда на Баер која е дадена во вторникот се шпекулира дека изнесува 128 долари по акција или вкупно 66 милјарди долари, а постигнатиот договор ќе го направи Баер најголемиот светски производител на пестициди и семенски материјал (ќе има контрола на повеќе од 25% од светскиот пазар), со што ќе стане нов лидер на пазарите во САД, Европа и Азија.
Продажбата е заклучена по повеќе од четиримесечни преговори.
Компанијата Баер произведува семиња, како и хемикалии против коров и инсекти, но попозната е по своите фармацевтски производи, како Аспирин.
Монсанто првенствено е познат по своите генетски модифицирани семиња, вклучувајќи пченка, соја, памук, пченица и шеќерна трска