Поради пандемијата на корона вирусот, одложените Олимписки игри 2020, кои ова лето ќе се одржат во Токио, Јапонија, се очекува дека ќе привлечат далеку помал број на посетители од тоа што беше оригинално планирано. Но, британскиот национален телевизиски сервис BBC не се откажува од олимписката магија и ги повикува своите гледачи сепак да ја посетат Јапонија.
За таа цел беше лансираш телевизиски спот во кој главен акцент е ставен на популарната и улична култура на Јапонија, илустрирајќи дека најдобриот аспект на Олимписките игри е непосредното запознавање со другите култури.
Во спотот гледаме густи јапонски улици и пазари, со референци кон јапонската поп музика, анимираните филмови, популарните видео-игри и акциони фигурини. Притоа, разните спортски ѕвезди кои ќе учествуваат на Олимписките игри се инкорпорирани како ликови во споменатите продукти на јапонската култура.
Шармантната реклама полна со носталгија за сите љубители на јапонската култура е создадена од страна на in-house агенцијата BBC Creative.