Британскиот јавен радиодифузен сервис BBC ги започнува подготовките за премин кон целосна онлајн содржина, при што планира да ги затвори сите телевизиски и радио канали. Според најавените планови, тоа треба да се случи во следната деценија, а дотогаш BBC ќе продолжи да развивателевизиски и радио проекти.
Според генералниот директор на BBC, Тим Дејви, иднината ќе вклучува „обединување на сите медиумски формати во еден“, најверојатно во форма на единствена апликација која комбинира сè, од телевизиски содржини до локални вести и едукативен материјал.
Дејви го прифати ризикот дека BBC може да прерасне во само уште еден стримувач на онлајн содржини на пазар кој и веќе е презаситен: „Преминувањето кон дигиталниот простор не е предизвик сам по себе, туку преминувањето кон дигиталниот простор без да изгубите поголем дел од вашата публика и непотребно да потрошите милиони фунти е вистинскиот предизвик“.
Иако телевизиските и радио канали на BBC продолжуваат да допираат до десетици милиони Британци месечно, речиси сите нивни медиуми бележат веќе долгорочен пад на нивната публика, особено меѓу помладите демографски категории.