Webby Awards ја именува BBDO New York за “Агенција на годината за 2017“, а филмот “Evan” за Sandy Hook Promise собра 4 од вкупно добиените 6 награди на агенцијата оваа година.
“Evan” започнува како приказна за слатка средношколска љубовна приказна, на набргу прикажува пресврт кој ги нагласува начините на кои потенцијалното насилство може да не биде согледано. Филмот освои Webby награда во категоријата ‘’Најдобар вирален филм’’ и ‘’Најдобар краток филм/видео’’ како и People’s Voice награди за ‘’Најдобар вирален маркетинг’’ и ‘’Најдобар краток филм/видео.’’
Sandy Hook Promise е непрофитна организација основана за заштита на децата од насилството со оружје по нападот на исто именуваното основното училиште во 2012 година.
Откако е основано шоуто пред околу 20 години, Webby станаа награди кои се следат од страна на најголемите маркетари, затоа што тие лесно во нив ја препознаваат работата на брендовите кои се истакнуваат во поширокиот свет на популарната култура, каде потрошувачите се` повеќе ги прескокнуваат и се обидуваат да ги избегнат комплетно традиционалните реклами. Webby наградите исто така, ги нагласуваат иновативните проекти од светот на дигиталното рекламирање кои воедно може да послужат и како инспирација и за рекламерите, но и за брендовите.
BBDO New York исто така е креатор на “Unimpossible Films” за GE кој освои награда за ‘’Најдобар брендиран серијал’’, како и креатор на “Incognito Tickets” проектите за брендот Barcardi кој освои награда за ‘’Најдобра герила кампања и иновација’’.
Aгенцијата генерално земено освои најмногу Webby награди и номинации низ сите категории од било која друга агенција оваа година. Агенции кои претендираа за награда за ‘’Агенција на годината’’ беа : McCann New York, Droga5, Wieden & Kennedy и R/GA. Нивните признати кампањи беа: “Field Trip to Mars” на McCann за Lockheed Martin, Wieden & Kennedy со “Don’t Smell Yourself Short” за брендот Old Spice, Droga 5 со “Game Changer” за Under Armour и кампањата на R/GA – “Through the Dark,” интерактивна музичка и видео соработка помеѓу The Hilltop Hoods и Google Play Music.
Помеѓу другите случувања на настанот, вниманието беше свртено на кампањата на Clemenger BBDO – “Meet Graham” креирана за Australia Transport Accident Commission која ја освои наградата за ‘’Интегрирана кампања’’, исто така Under Armour –рекламата со Michael Phelps креирана од страна на Droga5 ја освои наградата за Вирална брендирана реклама, брендот Nike со “Margot + Lily” креирана од страна на RSA Films и Wieden & Kennedy беше наградена со наградата за најдобро сценарио, а би ја споменале и кампањата на Greenpeace- “A Journey to the Arctic” креирана од страна на MediaMonks со награда за ВР брендирано видео .
Погледнете ги сите овогодишни добитници на сајтот на Webby Awards .
Церемониата ќе се одржува во New York на 15 Мај.