Бојана Баровиќ, познат модел кој неодамна по втор пат стана мајка, ги воодушеви сите во студиото, како и гледачите покрај ТВ екраните кои во саботата ја следеа утринската програма на ТВ Прва во Србија.
Во првиот јавен настап откако се породи по втор пат пред еден месец, Бојана Баровиќ како гостинка на Наташа Миљковиќ на ТВ Прва зборуваше за својата манекенска кариера и за тоа како ги услогласува сите обврски како мајка на две деца. Сè се случуваше нормално, додека во еден момент бебето на Бојана не се “јави” од студиото – затоа што го бараше вниманието од мајката. Наместо да привршува до разговорот, Бојана направи нешто сосема неочекувано: го стави нејзиниот син Симеон на градите и стана првата жена во Србија, која го доеше бебето во живо во програмата!
На овој начин, Бојана испрати важна порака дека “Бебето ќе одлучи каде” и дека е сосема нормално мајките да ги дојат своите бебиња, кога и каде што тие ќе посакаат, па и во ТВ емисија, пред милионски аудиториум.
Овој необичен гест, всушност, го објави почетокот на една сеопфатна иницијатива која ја започна водата Роса, која “секогаш го поддржува она што е важно: целото семејство, а пред сè мајките и бебињата. По отворање на банки за хумано млеко, дваесет училишта за родителство во Србија, најава за опремување на соби за поддршка на доењето во породилиштата, Роса отиде чекор понатаму и го поддржа доењето во јавност”, појаснуваат од брендот.
“Во средина каде што сè помалку мајки ги дојат своите бебиња, а доењето надвор од домот е сеуште табу тема и за жал не така честа појава, сакав да покажам дека не постои ништо поубаво, ниту поприродно од тоа на вашето бебе во секое време да му го обезбедите она што му е најважно: вашата близина, топлина, љубов, сигурност и најдобрата можна храна, а тоа е мајчиното млеко. Нема потреба од тоа мајките да се засолнуваат, да се кријат и да го ограничуваат своето движење затоа што е “време“ за хранење. И со првото, и сега, со второто дете, слободно се движев, уживав и ги доев секаде каде што тие ќе посакаа. Пролет е, времето е убаво, излезете, уживајте со своите бебиња и не заборавајте да бидете доволно хидрирани, бидејќи знаеме колку е тоа важно за мајката и за бебето”, изјави Бојана Баровиќ.
Пред сè, мајките би требало да се чувствуваат сигурно и опуштено за да можат да дојат во јавност, покажаа прелиминарните резултати од истражувањето кое овие денови го спроведе Центарот за мајки со поддршка на Роса и кои наскоро ќе бидат достапни за јавноста.
“Ги прашавме мајките дали доеле во јавност, дали имале поддршка, каде најчесто доеле, а мајките кои не се одлучиле на овој чекор, зошто не, дали им сметало нешто… Мојот генерален заклучок е дека скоро сите мајки велат дека општеството во недоволна мера го поддржува доењето во јавност. Имаше и такви кои ни кажа дека сакале да дојат на јавно место, но им било срам, а некои имале дури и негативно искуство”, заклучи Јована Ружичиќ од Центарот за мајки.
Кога знаеме дека мајчиното млеко е единствената храна за бебето што го носи исклучиво бенефит, содржи хранливи и лековити состојки за раст и развој на детето, дека доењето е добро и за мајката, бидејќи го намалува ризикот од остеопороза, малигни заболувања на дојките и јајниците, тогаш не постои причина доењето да биде “табу” тема ниту на едно место, без разлика дали тоа е парк, транспорт, пошта, ресторан, музеј или ТВ програма.
“Помошта на мајките е многу важна во првите, најкревки моменти кога бебето доаѓа на свет и тогаш е потребно мајката да се чувствува сигурно, добро и здраво, со цел да му го обезбеди најдоброто на своето бебе. Роса знае дека Бебето избира каде сака да биде сито и безбедно во рацете на мајката. Затоа апсолутно го поддржува доењето, во секое време и насекаде”, заклучува Роса.