Пандемијата натера многу луѓе да ги преиспитаат своите приоритети и вклчително – своите кариери. Сето тоа доведе до милиони луѓе ширум светот да ги напуштат своите постојни работни место, во културна појава наречена „Големата оставка“.
Дури и „Аутсајдерите“ (“The Underdogs”), измислена група ликови што Apple првпат ја претстави во 2019 година, не беа поштедени од овој масовен егзодус. Во новиот хумористичен филм на Apple, насловен „Бегство од канцеларијата“ (“Escape from the Office”), членовите на групата фантазираат како да ја напуштат својата омразена шефица.
Криејќи се во нивниот автомобил, колегите доаѓаат до идејата да отворат компанија за пакување која продава одржливи кеси за намирници. Низ нивниот ум им поминува целиот процес на отворање нова компанија, успехот кој следи со неа, за на крај да добијат понуда за купување од нивната претходна шефица – нешто што тие гордо го одбиваат.
Низ филмот се појавуваат и промовираат разни уреди и апликации на Apple: iPhone, Mac, iPad, Keynote, Numbers, FaceTime и iMessage – сето она што на протагонистите би им било потребно за успешно водење на нивната нова компанија.