Најдобрите креативни директори на агенциската мрежа McCann од Европа се состанаа во Белград, со цел да разменат искуства за најдобрите и најефикасните кампањи, да ја продолжат заедничката работа во креирањето кампањи за клиентите и да ги применат најдобрите светски искуства во креативниот процес. Ова е уште една можност локалните агенции McCann да дадат свој придонес во промоција на регионалната креативност во светски рамки.
“Силата и клучот за успехот на McCann агенциите, лежи во состаноците од овај тип, кадешто разменуваме мислења и искуства од различните пазари, со цел креирање на што поуспешни кампањи. Иако многу неодамнешни награди доделени на нашата групација тоа го докажуваат, нашата тенденција е уште повеќе да работиме на кампањи кои ќе се истакнат по креативноста и по ефикасноста. Искуствата на успешните креативци од Европа ни значи многу во ширењето на знаења, а ваквите состаноци се можност уште повеќе да ги запознаеме со нашата креативност. Културолошките разлики најчесто донесуваат нови перспективи во решавањето на комуникациските предизвици. Големите идеи не познаваат граници, а собирот на врвните креативци во овај регион е потврда и признание за нашата локална креативност, занаење и искуство” вели Даниел Вуковиќ, главен креативен директор на агенцијата McCann Загреб.
На состанокот освен креативните директори од Европа, присуствуваше и Ерик Моне, директор за креативни вештини и потпретседател на McCann Worldgroup од Њујорк.
„McCann Beograd е препознатлив по силните кампањи. Тоа се креативни и паметни кампањи со јасна порака кои остварија ефективни резултати за клиентите. Нашата намера е таквите кампањи да ги развиваме уште повеќе. Овај регион е важен за McCann агенциската мрежа. После посетата на Белград сум уште повеќе уверен во потенцијалот на McCann Белград и луѓето кои овде работат за да креираат наградувани кампањи“ истакна Ерик Моне.
За место на состанокот е избран Белград, што е признание не само на локалната, туку и на регионалната креативност на овај дел од Европа. Потврда за тоа се и McCann агенциите, кои работат во рамките на I&F McCann Група, кои во претходниот период беа прогласени за најуспешни и најефективни на пазарите на кои работат.