Канадската креативна агенција Wunder одлучи на луѓето да им понуди одмор од реклами во текот на оваа празнична сезона.
Агенцијата лансираше уникатна празничка кампања насловена „White Christmas“ („Бел Божиќ“), во која закупиле рекламен простор на клучни локации и едноставно ги оставиле бели и празни. Кампањата вклучувала билборди, автобуси, автобуски постојки, весници и социјални медиуми
Според креативниот директор Стефан Флин, агенцијата го закупила рекламниот простор уште пред два месеци и наместо својата стандардна работа да дизајнира кампањи за брендови, тие се одлучиле оваа празнична сезона да го направат токму спротивното.
Агенцијата објави и видео кое ги прикажува активностите поврзани со кампањата и поставувањето на белите постери со позадинска музика на песната „White Christmas“ на The Drifters.
Иако празниот материјал не промовираше никаков бренд или производ, сепак создаде добар „buzz“ за агенцијата Wunder.