Дали Биг Мек со различна состојка од оригиналниот Биг Мек, е навистина Биг Мек?
Брендот за брза храна McDonald’s е прпознатлив по нивниот главен оброк – иконичниот сендвич Big Mac. Но, низ годините, брендот експериментирал со различни варијатни на овој сендвич, интервенирајќи во неговиот рецепт со цел да ја зголеми својата понуда на вкусови.
Ваквите интервенции и реинтерпретации на сендвичот секогаш предизвикуваат остра дебата помеѓу фановите на брендот. Од една страна, за тврдокорните и конзервативни фанови на Big Mac, тој постои само во неговата оригинална варијанта. Од друга страна, за оние малку поекспериментално расположени фанови, богатството на Big Mac лежи токму во неговата можност да биде адаптиран според различни вкусови.
Се чини дека оваа дебата нема да стивне за брзо, барем не на францускиот пазар, со оглед на неодамнешното лансирање на новиот Big Mac со пилешко (Big Mac Chicken). Брендот е целосно свесен за дебатата меѓу фановите, па реши малку да се пошегува со лансирањето на нов рекламен спот инспириран токму од оваа гурманска препирка.
Во рекламата го гледаме лансирањето на вселенски брод кој ита кон Марс. Меѓутоа, додека ги гледаме величествените глетки на бескрајната вселена, паралелно ја слушаме и бескрајната дебата на астронаутите која се одвива во внатрешноста на вселенскиот брод – пилешко или без пилешко? :)
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA\Paris и продукциското студио TBWA\Else.