По повод Денот на вљубените, германскиот автомобилски бренд Mercedes-Benz лансираше необичен краток филм насловен “Immortal Love” („Бесмртна љубов“).
Филмот, опишан како „современа интерпретација на приказната за Ромео и Јулија“, ја следи приказната на младата холандска раперка RAMON, која живее двоен вамприски живот.
Работите се комплицираат кога се запознава со целосно човечкиот музички новинар Нејтан, при што двајцата се заљубуваат. Иако нивната љубов е неприфатлива за вамприската заедница, таа сепак на крајот успева да триумфира.
Низ текот на целиот филм се промовира G-класата на теренски возила на Mercedes-Benz, која за првпат била лансирана пред 40 години. Пораката на филмот е дека оваа класа, како и љубовта и вампирите, е бесмртна.
Филмот е создадена од страна на специјализираната креативна агенција antoni garage, која исклучиво го опслужува Mercedes-Benz.