(РЕГИОН) – Хрватската дигитална маркетинг агенција Virtuelna tvornica (Виртуелна фабрика), бесплатно преку интернет ја понуди својата алатка за закуп на медиски простор. Оваа агенција jа стартуваше апликацијата наречена MediaSifter која им помага на претприемачите да ги пронајдат вистинските медиуми на кои ќе закупуваат огласен простор.
MediaSifter е иновативна алатка на хрватскиот и регионалниот пазар а целта на целиот проект е да осигура централно место преку кое претприемачите ќе можат да се информираат за разноврсната понуда за огласување на хрватската медиска сцена. Апликацијата е во потполност бесплатна и за медиумите и за компаниите.
“Како дигитална агенција фокусирани сме примарно на веб технологиите и интернет окружувањето, а во моментот кога посакавме да се огласуваме на другите медиски платформи не знаевме каде, па изгубивме доста време во пребарување на медиуми и нивните понуди и така дојдовме на идејата за апликацијата MediaSifter која го олеснува целиот тој процес.“ – вели Јаков Јурага, директор на дигиталната агенција Виртуелна фабрика.
Извор: Пословни.хр