Онлајн продавницата “CardsStore“ со помош на маркетинг агенцијата “Mullen” направија супер кампања за промоција на еден производ на компанијата (ќе го чуваме во тајна за да не го уништиме изненадувањето од видеото).
Mullen објавила лажен оглас за „најтешката работа во светот“, а на огласот се пријавиле дури 24 кандидати кои не се исплашиле од првичниот опис на огласот кој вклучувал предиспозиции како:
– Цело време мора да стоите
– Од вас се бара постојан напор
– Да работите од 135 до неограничен број на часови неделно
– Потребно е да знаете се’ за медицината, финансиите и кулинарството
– Нема одмор
– Работата за празници станува уште понапорна
– Нема време за спиење
– Вашата работа нема да биде платена
Погледнете како изгледа “најтешката работа во светот”, догледајте го видеото во целост :