Технолошкиот гигант Samsung објави нова реклама насловената „Бидете таму“ („Be there“) која илустрира како неговите уреди може да ги доближат Олимписките игри до корисниците.
Имено, поради пандемијата, овогодишните Олимписки игри во Токио ќе се одржуваат без публика, но благодарение на современата технологија, луѓето можат да ги следат Олимписките настани во секој момент, каде и да се.
Рекламата претставува колаж од неколку ситуации во кои различни луѓе, на различни уреди и места, гледаат некој Олимписки натпревар, а потоа магично се транспортираат во срцето на тој натпревар.
Главна ѕвезда во рекламата е младата Скај Браун, која на само 13 години ќе се натпреварува во скејтбординг на Олимписките игри. Рекламата на Samsung покажува како технологијата ѝ помага на британската спортистка да одржува контакт со својот татко додека се натпреварува во Токио.