Производителите на автомобили, како и секоја година, го искористија Супербоул за да ги прикажат ексклузивните реклами за своите модели.
Финалето на американската НФЛ лига, познато како Супербоул, е настан што носи рекорден број луѓе на ТВ екраните секоја година. Поради ваквата висока гледаност, многу компании сакаат да ја искористат можноста за привлекување потенцијални клиенти. Меѓу нив се и производителите на автомобили кои подготвуваат ексклузивни реклами специјално за настанот.
Овогодишниот Супербоул падна на 2 февруари – на таканаречениот „Ден на мрмотот“, кога Гоблерс Ноб во американската сојузна држава Пенсилванија традиционално собира голем број луѓе кои очекуваат познатиот мрмот Фил да „прогнозира“ дали ќе има уште зима или доаѓа пролетта.
За таа цел, Jeep го ангажираше Бил Мареј во реклама за камионетот Gladiator да ја повтори улогата на ТВ-репортерот Фил Конорс во филмската класика „Ден на мрмотот“ (1993).
На Мареј му се придружија неколку колеги кои глумеа во оригиналниот филм, а реплицирани се и легендарните сцени од оваа комедија, вклучително и онаа кога фрустрираниот Конорс, кој е осуден го доживува истиот ден одново и одново (Денот на мрмотот – 2 февруари), ја киднапира локалната маскота – мрмотот Фил.