Последниот проект на агенцијата Nova Solutions опфати целосен редизајн на амбалажите од производната линија на Био Комерц.
Се работи за интегрални производи кој што не содржат дополнителни адитиви и конзерванси и се направени според традиционална рецептура.
Освен високиот квалитет, секако друг исклучително важен фактор за производите е истите да бидат спакувани на начин за да го привлечат вниманието на купувачите. Високиот квалитет во комбинација со впечатлив дизајн на амбалажата е сигурен клуч за успех на секоја компанија.
“Како инспирација за новиот дизајн на амбалажите е искористен класот на житото како главна состојка која ја има во сите производи на Био Комерц”- изјави Мартин Цветановски, графичкиот дизајнер на Nova Solutions.
Проектот опфати редизајн на амбалажа за 15 производи од производната линија на Био-Комерц: Интегрални десерти со вкус на брусница, аронија, капина, бадем и суво грозје, овошен шеќер, кафеав шекер. Покрај редизајн а амбалажата на слатката линија на производи се редизајнираше и амбалажа на солената линија на производи – просеници и интегрални лебови.
Nova Solutions е интернет маркетинг компанија која нуди решенија во поглед на брендирање, изработка на веб страни, зголемување на видливоста преку социјалните медиуми, графички дизајн и многу други кои би му биле добродојдени на секоја компанија која сака да биде успешна и да ја зголеми својата продажба