Бизнисот денес функционира во се побрзо и подинамично окружување. Потребите на клиентите, каналите преку кои се информираат, начините на кои купуваат и го добиваат производот/услугата, секојдневно се менуваат со брзо темпо. Затоа, една од клучнитe функции во секој бизнис е маркетиншката. Маркетинг менаџерот е оној што ги следи промените на пазарот и навиките на купувачите, па соодветно на тоа ги (ре)организира активностите на компанијата за да бидат задоволени потребите на купувачите. Токму затоа, Бизнис Академија Смилевски (БАС) создадоа и акредитираа нова студиска програма по МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ за прв циклус на студии во времетраење од три години.
„Со цел да одржиме и создадеме студиски програми кои ќе бидат современи и практични, континуирано спроведуваме истражувања на пазарот преку кои ги анализираме ставовите и мислењата на моменталните и потенцијалните студенти. Последните анализи покажаа дека постои недостаток на студиска програма која ќе создаде маркетинг менаџери кои од една страна го имаат неопходното теоретско познавање и концепти, а од друга страна ќе ги владеат алатките кои се потребни за остварување на истото“ – објаснуваат од БАС.
Студентите во текот на овие три годишни студии се стекнуваат со 180 кредити и звање: дипломиран маркетинг менаџер.
Оваа студиска програма е наменета за студенти чии амбиции се насочени во областа на маркетингот и брендингот. Истата е разделена во 6 семестри во кои адекватно се распределени предмети од повеќе области: Маркетинг, Интегрирани маркетинг комуникации, Е-маркетинг, Бренд менаџмент, Социјален маркетинг и многу други. Сите области третираат современи пристапи и трендови кои овозможуваат стекнување на вештини и компетенции за: развој на флексибилна маркетинг кампања, маркетинг истражување, и креирање на применлива маркетинг стратегија.
Предавањата се исклучиво интерактивни, проследени со бројни примери, вежби и студии на случај кои ги поттикнува студентите да создадат свое критичко размислување.
Начини на студирање
БАС нуди два начини на студирање: редовно и вонредно.
Редовните студии се одвиваат во 15 седмични семестри. Предавањата почнуваат наутро (најчесто во 9ч.). Седмата и петнаесеттата недела се колоквиумски. Предавањата се интерактивни и се комбинација од теорија што ја презентира професорот и практични вежби кои студентите ги одработуваат индивидуално и најчесто тимски. Овој тип на студирање е наменет најмногу за матурантите кои веднаш продолжуваат со процесот на образование, по завршување на средно.
Вонредните студии се идеални за оние кои се во работен однос, а сепак сакаат да се стекнат со високо образование. Кај вонредните студии се слуша и полага предмет по предмет. Секој предмет е составен од 5 предавања, изработка и презентација на семинарска и полагање на испит. Предавањата се попладне од 17.30 или 18.00 ч. во договор со професорот.
Повеќе информации за студиската програма по маркетинг менаџмент на БАС можете да најдете на следниов линк, или да добиете преку телефон на броевите 02/2455 754 (Скопје) и 047/225-218 (Битола), односно преку мејл-адресата info@bas.edu.mk.