Најпознатиот бизнис-нетворкинг настан во државава Бизнис Кафе Македонија денеска отвора нова фаза во својот развој. После речиси 9 години организирање на настанот во главниот град Скопје, денеска за прв пат ќе биде организирано Бизнис Кафе во внатрешноста на земјава, а домаќин ќе биде градот Гостивар.
Бизнис заедницата на Гостивар и сите млади кои допрва размислуваат да се вклучат во бизнисот ќе имаат можност да слушнат и да се дружат со тројца говорници: Коста Петров – основач на компанијата P World, Маја Кузмановска – директор на Бизнис Академија Смилевски, и Азир Алиу – претприемач.
Во првиот дел од настанот, гостите-говорници ќе одговараат на прашања од модераторката за нивните претприемачки експедиции, за нивните почетоци, првични неуспеси и моменти вредни за паметење, додека пак во вториот дел ќе следува нетворкинг со посетителите, при што во неформална атмосфера присутните ќе имаат можност меѓусебе да се запознаат и да остварат контакти за иницијални соработки.
Настанот започнува во 18 часот и ќе се одржи во Ресторан Pella. Присуството е бесплатно за сите заинтересирани со претходна регистрација на следниов ЛИНК. Одржувањето на Бизнис Кафе Special настанот е со поддршка на iCan центарот од Гостивар.