Дали сте подготвени за најголемата шопинг-еуфорија оваа година?
Скопје Сити Мол, омилената дестинација за шопинг и забава во градот, го најавува најголемиот Black Friday викенд на годината! Од 29 ноември до 1 декември посетителите ќе имаат уникатна можност да уживаат во попусти до неверојатни -70%, како и во богата програма исполнета со музика и многу забава. Уживајте во ритамот на музиката што ќе ја пуштаат вашите омилени диџеи додека го купувате она што сакате, по неодоливи цени.
Подгответе се за еден незаборавен викенд на неверојатни попусти што започнува уште в петок, 29 ноември, каде што ве очекуваат вашите омилени брендови со најголем избор и понуди и акции што ќе направат да уживате во шопингот за вас или за вашите најблиски. Овој Black Friday е совршена можност да ги купите вашите омилени производи по несекојдневни цени.
Black Friday во Скопје Сити Мол е совршената можност да ги надополните вашите омилени парчиња гардероба, технолошки уреди, козметика или декорација за домот, додека уживате во уникатно и незаборавно шопинг-искуство. Сѐ што сакате на едно место, супер понуди, со супер цени! Искористете ја оваа одлична можност да ги изненадите вашите најблиски со одлични подароци за претстојните празници купени со попусти до 70%.
Највозбудливиот Black Friday наближува! За повеќе информации, следете го Скопје Сити мол на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, или посетете ја веб-страницата.
Скопје Сити Мол – Сѐ што сакам!