“Коалицијата за подобри реклами“ – конзорциум од рекламни компании, издавачи и технолошки компании, сака да и` помогне и да ја спаси маркетинг индустријата – преку ‘’уништување’’ на некои нејзини делови.
Компаниите членки на коалицијата, ќе разговараат помеѓу другото и за пред-инсталација на селективни блокатори за реклами на веб пребарувачите, како начини за ефективно намалување на интрусивните реклами на Интернет, како оние кои по автоматизам вклучуваат звук, заземаат голем дел од екранот на корисниците или ве приморуваат да причекувате одредено време со цел да ги исклучите.
За оваа идеја беше дискутирано од страна на The Wall Street Journal, кој воедно и сугерираше дека ад-блокерите ќе бидат вградени во рамките на пребарувачот Google Chrome web и сами по себе ќе бидат приклучувани.
“Нема да коментираме за гласини и шпекулации’’ изјавија од страна на Google. ‘’Работиме со коалицијата за подобри реклами и со компании од индустријата, со кои воедно истражуваме и бројни начини на кои Google и други членки од Коалицијата може да дадат своја поддршка за Подобрените Рекламни Стандарди.
Stuart Ingis, советник на Коалицијата за подобри реклами, изјави дека групата ќе започне со дискутирање на специфични идеи кои ќе се разгледуваат во следните неколку недели, а за да се отпочне и заврши некоја од разгледаните идеи ќе бидат потребни 6-12 месеци за имплементација. ’’ Тој ова не го нарекува блокирање на реклами, затоа што блолирањето подразбира блокирање на сите реклами на сите сајтови.
‘’Без разлика дали групата ќе се произнесе со било какво решение, Google нема да ги донесе сам по себе одлуките за индустријата. Форматите на реклами кои се блокирани, ќе бидат одлучени од членовите на коалицијата врз основа на податоците од истражувања на корисниците и нивното искуство со реклами за кои тие сметаат дека се интрузивни.’’
Можеби звучи чудно дека компаниите кои се рекламираат на Интернет да прифаќаат опции за блокирање на реклами, но зад ова постои јасна цел. Околу 26% од корисниците на Интернет имаат инсталирано ад-блокатори на своите компјутери, во согласност со истражувањето спроведено од страна на Интерактивното биро за рекламирање, а 10% од корисниците користат вакви алатки и на своите мобилни уреди. Основната причина за користењето на вакви блокатори во согласност со истражувањето е тоа што ваквите реклами ги прават сајтовите потешки за навигација.
Минатиот месец, Коалиција за подобри реклами објави истражување во кое се дефинирани специфичните формати за рекламирање кои најмногу им сметаат на корисниците. Врз основа на истражувањето,создадени беа ‘’Стандардите за подобро рекламирање’’ кои ќе претставуваат основа за напорите на организацијата за анулирање на ‘’лошите’’ и промовирање на ‘’добрите реклами.’’
Целта на оваа групација е да го намали користењето на здодевни и интрузивни формати и да се здобие повторно со вниманието и довербата на корисниците. Компаниите кои се рекламираат како и компаниите кои го поддржуваат рекламирањето, ќе имаат клучна улога преку пренасочување на нивното трошење кон издавачи и рекламни мрежи кои објавуваат реклами, кои се во согласност со Стандардите на Коалицијата- потврдува John Montgomery, извршен потпретседател за бренд-безбедност на GroupM, како и член на Коалицијата и најголемата агенција за реклами во светот.Креаторите на пребарувачи како Google и Microsoft, исто така може да играат многу важна улога, не само со блокирање на здодевните реклами, туку и со блокирање на сите реклами кои ги злоупотребуваат стандардите на Коалицијата. Ова ќе ги притисне дури и најсомнителните веб страници да се придржуваат до условите и стандардите. Google Chrome само минатиот месец бил користен од околу 53% од корисниците на Интернет во согласност со податоците на компанијата за веб аналитика StatCounter.
Од Коалицијата сепак, засега се насочуваат само на еден дел од проблемите поврзани со дигиталното рекламирање. Проблемот е во тоа што веб рекламите не се само досадни- тие може да се и потенцијално опасни.
Некои типови на реклами може да инсталираат вируси кои имаат за цел за крадење на приватноста на корисниците.
Поради таа цел поголемиот број од корисниците користат блокатори за реклами со цел да ја заштитат својата приватност. Коалицијата за подобри реклами засега не се залага за приватноста- но групациите во индустријата како IAB на пример, се залагаат за заштита на податоците и поддршка на стандардите за безбедност. Се додека оваа индустрија не успее да се справи со проблемите поврзани со приватноста ,блокаторите за реклами сеуште ќе се користат и ќе бидат значајни за корисниците.