На 22 октомври (среда), во салонот на BMW Motorrad во Скопје, компанијата Dynamix, овластен увозник и дилер на BMW Motorrad за Македонија, организираше незаборавен настан под слоганот „Затворање на сезона ’25“ во боите на BMW Racing.
Настанот ја обедини страста кон моторите, авантуристичкиот дух и заедништвото на BMW Motorrad заедницата.
Гостите се дружeа во опуштена атмосфера со пиво, музика во живо и многу насмевки, додека Dynamix им приреди ексклузивни попусти на мотоцикли на залиха и оригинални BMW додатоци, достапни само за оваа вечер.
Настанот беше и вовед во она што следува – новата генерација BMW Motorrad модели што пристигнуваат во 2026 година, кои уште повеќе ќе го подигнат стандардот во перформанс, технологија и дизајн.
„BMW Motorrad е повеќе од бренд – тоа е начин на живот. Со оваа вечер ја заокружуваме успешната сезона и со нетрпение ги очекуваме новите модели што доаѓаат следната година,“ изјавија од Dynamix.
Со страст кон возењето и поглед насочен кон иднината, BMW Motorrad Македонија уште еднаш ја потврди својата мисија – да ја претвори секоја патека во доживување, а секој момент во авантура.























