Музичката индустрија дејствува како спонтана сила која се развива под неразбирливи правила за вкус. Но, дали е тоа така? На Direct Media Академијата, која ќе се одржи од 28 до 30 мај во Мадленианум, Бојан Мусулин, директор за дигитална дистрибуција во IDJDigital, ќе ни открие како IDJ изгради еден од најпрепознатливите медиски брендови во регионот. Како се создава критична маса на публиката, како се создава и одржува имиџот и како се избира содржината – ова се само некои од прашањата на кои ќе одговори Бојан во рамките на модулот Медиуми.
-
- Вашето предавање на Direct Media Academy се занимава со револуцијата на музичкиот бизнис. Кои се клучните моменти што ја обележаа оваа револуција и што допрва нè очекува?
Би рекол дека префрлањето на мобилни уреди е феномен кој е во тек и во кој имаме среќа да присуствуваме. Во последните неколку години, сите индустрии мораа да го адаптираат својот бизнис на еден нов модел, кој е мобилен. Нè очекуваат хипер персонализирани искуства во секој сегмент од нашиот, сè повеќе онлајн живот. Во смисла на конкретни решенија и масовна дигитализација, ќе биде неопходна синергија помеѓу различни индустрии, првенствено креативни и ИТ.
- Што учесницте на модулот Медиуми ќе имаат можност да слушнат на вашето предавање?
Ќе зборуваме за тоа како IDJ го изгради својот препознатлив бренд, што стои зад тоа и ќе направиме една анализа на клучните потези кои се одговорни за она што денес го правиме како компанија. Ќе влеземе во анализа на екосистемите на дигиталните сервиси како што се Spotify, Apple Music, Deezer и YouTube. Ќе објасниме што значи да се биде Artist, Label, Distributer или YouTube креатор денес, и како се заработува од содржината на Интернет. Покрај тоа, ќе зборуваме за креативни и флексибилни бизнис модели кои ги следат тековните промени на пазарот, како и за скалабилност и диверзификација на брендот.
-
- На што конзументите на музика денес посветуваат најголемо внимание? Како ќе се слуша музика за десет години?
Во ваков заситен пазар каков што имаме денес, начин да се сврти вниманието на некој дефинитивно е силна и визуелната естетика, како и автентична и оригинална содржина. Во однос на пласманот на содржини, контекстот е многу важен. Музиката се конзумира денес на многу начини: Streaming, Downloads, CD & Vinyl и секоја од овие публика сака поинакво искуство. Иднината е на страната на дигиталот, но верувам дека сегментот на Live music секогаш ќе опстои. Убеден сум дека иднината е интерактивна и “on demand” , и јас би сакал да видам влез на VR и on-demand технологијата во сегментот на live music и interactive TV.
- Дали денес во светот на музичкиот бизнис повеќе се преферира висока продукција отколку автентични изведувачи?
Постојат различни начини да се привлече вниманието кон себе, но кога навистина го правите тоа и ги добиете своите 5 минути, мора да понудите интересни содржини, искреност и емоции. Ако не стоите зад она што го правите, публиката ќе го забележи тоа. Многу е важно музичкиот изведувач да создаде заедница околу него, бидејќи тоа е патот до верните фанови кои се враќаат. Значи, би рекол дека автентичноста и комуникацијата со фановите се најважниот фактор, како и константниот креативен резултат. Постојат примери на вирални клипови снимени само со мобилен телефон, но кои ја гаѓаат својата целна група право во центарот. Високата продукција не може да го замени недостатокот на талент и дефинитивно може да го подобри ефектот ако основата е добра.
-
- Што опфаќа зборот “комуникација” во музичкиот бизнис? Кои нејзини сегменти и дисциплини денес, се најважни за еден успешен музички проект?
За овој бизнис, најважно е да се запрашате:
На кого се обраќам?
Кога знаете на кого се обраќате, тогаш треба да направите истражување и да знаете како да го направите тоа. Секоја субкултурна група, ниша или таргет има свој уникатен јазик со кој доколку умеете да зборувате, сте дошле до суштината на успехот. Ако комуницираме со релевантната група на нивниот јазик, успехот е гарантиран, бидејќи на овој начин се прави длабока конекција со брендот.
За мене, добар проект е оној во кој од моментот на настанување на идејата до готовиот производ ништо нема да се изгуби. Таа идеја е импулс кој е носител на целиот проект. Во таа смисла, многу е важно креативните тимови да имаат одлично меѓусебно разбирање за различните вештини вклучени во секој проект. Во таа смисла, соработката на уметничкиот директор, копирајтерот, дизајнерот и тимот за односи со јавноста ја гледам како неразделна целина која мора да чука како едно срце. Во однос на бизнисот, многу е важно како комуницирате со клиентите и со другите компании. Прилагодувањето на тонот на комуникација на социјалните мрежи, во е-мејловите или њуслетер комуникацијата е процес кој всушност е постојан fine-tuning начин на обраќање и поставување прашања.
- Кои квалитети и вештини треба да ги поседува еден маркетинг, адвертајзинг или комуникациски професионалец во новата ера на комуникација?
Луцидност, убедливост и креативното решавање на проблемите се основните работи од кои сè започнува. Лидерот мора да биде способен да го инспирира и активира секој кој е вклучен во проектот. Во однос на адвертајзингот, културолошката компонента во комуникацијата можеби е најрелевантна работа. Исто така, комуникацијата не смее да биде еднонасочна, туку е важно да слушме и да постои дијалог и искуство на интеракција.
-
Вашите котизации обезбедете ги на време на www.directmediacademy.com
-
За Бојан Мусулин
Бојан Мусулин се наоѓа на чело на компанијата IDJDigital, а со своите склоности, интереси и вештини стигна до позицијата на директор за дигитална дистрибуција и дигитални платформи. Содржината и нејзиното пласирање се негова голема страст, а иновациите во оваа област се негова мотивација кон нови методи и технологии во струката. Од 2013 година работи во компанијата IDJVideos , а досега има работено на проекти за дистрибуција и пласман на содржина, развој на дигиталната дистрибуција IDJDigital, лансирање на телевизија IDJTV, развој кориснички dashboard за клиенти IDJDash, развој на повеќе апликации и веб-сајтови.
Негова специјалност која ја има совладано на ниво на црн појас во карате, се дигиталните платформи YouTube, Spotify, Apple Music, iTunes како и платформите за маркетинг содржини Google AdWords, Facebook и Instagram. Инаку, Бојан Мусулин е дипломиран инженер за аудио видео технологија и е сопственик на издавачка куќа, ангажиран на бројни музички проекти во чија организацијата ужива неизмерно.