Борче Стаменов е Маж на годината според социјалните медиуми за 2021 година, при официјалниот избор на Мажи на годината во Македонија.
Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Борче Стаменов освои најмногу лајкови и со тоа заслужено ја понесе оваа награда.
Наградата Маж на годината според социјалните медиуми им дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање на, според нив, најуспешниот маж и притоа да гласаат за оние кои се номинирани.
Борче Стаменов е познат хуманитарец во нашата држава кој изминатите години преку својата организација Донирај Компјутер успева да усреќи голем број на деца и семејства на кои компјутерот им е повеќе од потребен, а не можат да си го дозволат.
Изборот на Мажи на годината во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин ќе се одржи на 24.11.2021 година и вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за Маж на годината за 2021 година.
——— Промена (23.11.2021) ———-
Со огромна жалост и тага ја примивме веста за трагичната несреќа во која загинаа 46 лица од Македонија, а се случи во Република Бугарија.
Сакаме да изразиме сочуство до семејствата на загинатите и брзо опоравување на преживеаните.
Поради оваа тажна несреќа која ја потресе целата држава, официјалниот избор на Мажи на годината за 2021 година ќе го одложиме.
За новиот датум ќе ве известиме дополнително. Ви благодариме на разбирањето.