Борис Џонсон започна кампања инспирирана од филмот “Love actually” во која ги повикува Британците да го поддржат.
Познатиот љубовен филм “Love actually” е познат по сцената во која ликот кој го игра Ендрју Линколн со помош на натпис на табла и` изјавува љубов на Кира Најтли. Британскиот премиер во оставка Борис Џонсон реши да ја ископира оваа сцена и да ја искористи како дел од рекламната кампања пред изборите кои се одржуваат на 12 декември и наиде на поделени реакции од јавноста.
Сцената започнува со тоа што Џонсон тропа на вратата на анонимна жена, која би требало да го претставува просечниот британски гласач, а потоа со помош табли продолжува да ги објаснува причините зошто таа треба да гласа за него.
Дел од јавноста во Британија позитивно реагираше на кампањата и ја пофали идејата што внесува забава во кампањата, но дел ја искритикуваа на социјалните мрежи.
Самиот премиер на Твитер го објави видеото со порака ‘Brexit, actually‘, кое за брзо време собра неколку милиони прегледи и илјадници лајкови.
Во продолжение погледнете како изгледаше оригиналната филмска сцена од “Love actually“: