Најдобрите проекти на BalCannes 2019 (линк) ќе бидат избрани од страна на дваесет претставници на огласувачите, агенциите и медиумите од целиот регион.
Во жири комисијата која ќе има одговорна работа да ги разгледа, анализира и оцени сите пријавени проекти и да ги избере најдобрите, покрај претставниците од сите околни земји ќе бидат и Борис Ефтимовски (Маркетинг365), Адела Силјановска (Триглав осигурување) и Жарко Димитриоски (Еден на Еден) како единствени претставници од Македонија.
BalCannes е единственото натпреварување каде што од прва рака можете да дознаете како за вашите проекти размислува секое од трите состави на жири одделно. За изборот на најдобрите 25 регионални кампањи, уште еднаш ќе се погрижат истакнати претставници кои по тој повод ќе допатуваат од целиот регион и ќе се соберат на жирирање во Сараево, каде што домаќин ќе биде долгогодишниот партнер и пријател на BalCannes, Медиа маркетинг. Годинешното жири се состои од дваесет членови поделени во три групи.
Оваа година, жирито на огласувачи го претставуваат: Амра Бабиќ, Адико Банка (БиХ); Петра Чадеж, Атлантик Група (Словенија); Давор Чичиќ, Сараевски кисељак (БиХ); Ловро Петерлин, A1 (Словенија); Филип Рабузин, Heineken Хрватска (Хрватска); Адела Силјановска, Триглав осигурување (Македонија) и Мина Тадиќ, Нектар (Србија).
Како претставници на агенциите, оваа година жирираат: Дали Бунгиќ, Luna\TBWA (Словенија); Јурица Ќорлука, Señor (Хрватска); Жарко Димитриоски, Еден на Еден (Македонија); Јелена Фишкуш, Studio Sonda (Хрватска); Владимир Митровиќ, Ovation BBDO (Србија); Милена Мијатовиќ, MINT (БиХ); Сашо Петек, Агенција 101 (Аловенија) и Јана Савиќ Растовац, McCann Белград (Србија).
Покрај огласувачите и претставниците на агенциите, пријавените проекти ќе ги оценува и жири составено од претставници од медиуми кои ја следат индустријата, а кое е составено од: Екрем Дупановиќ, Media Marketing (БиХ); Сандра Бабиќ, Lider Media (Хрватска); Борис Ефтимовски, Marketing365 (Македонија); Гашпер Меден, Marketing Magazin (Словенија) и Ивана Парчетиќ Митиќ, Marketing mreža (Србија).
Проектите можат да се пријават уште кратко – до 1 септември 2019 година.
Крунисајте ги вашите лавовски проекти со лавовски статуи и не ја пропуштајте можноста да се претставите себе си и целиот регион, дури и во Кан.