New Moment New Ideas Босна и Херцеговина деновиве прослави 10 години од своето постоење. По тој повод беше организирана забава за вработените, соработниците и пријателите на агенцијата.
Њу Момент БиХ како дел од регионалната мрежа на Њу Момент е основана во 2003 година и себеси се афирмираше како една од водечките агенции во Босна.
Драган Рујевиќ, директорот на агенцијата по овој повод за наредниот период посака “агенцијата што повеќе да го зголеми пазарниот удел на домашниот пазар и сериозно да зачекори во интернационалните води потврдувајќи ја својата креативност со нови награди на интернационалните фестивали !“