Водечкиот босанско-херцеговски бренд во производство на хигиенски производи доби потврда за квалитетот на своите производи и од страна на самите потрошувачи, што претставува најголемо признание кое една компанија може да го добие за квалитетот кој го нуди.
Во изборот за „Производ на годината“, кој веќе шеста година по ред го организира најпосетениот женски портал žena.hr во соседната Хрватска, повеќе од 25 000 читатели имаа прилика да избираат производи за кои сметаат дека се најдобри од сегментот на роба за широка потрошувачка.
Violeta Water care детските влажни марамчиња со 99% вода и екстракт на нордиска капина, се препознаени и избрани од страна на потрошувачите како најдобар производ во 2017 год. во категоријата Детска нега и хигиена.
На одличното второ место во своите категории се најдоа и Violeta хигиенските влошки, како и Teta Violeta омекнувачите за алишта, на тој начин оставајќи зад себе и некои јаки меѓународни брендови.
Од Violeta порачуваат дека нивниот фокус е континуиран развој и унапредување на квалитетот на производите, технологијата и знаењата и дека се среќни кога потрошувачите тоа ќе го препознаат.