Германската технолошка куќа со традиција од над 130 години има значително различен тон на комуникација
Bosch, германска компанија за инженеринг и електроника, го претстави новиот слоган и кампања минатата недела на CES во Лас Вегас, со жива мелодија и приказ на светот каде што е полесно да се живее благодарение на уредите поврзани на интернет. Самоуверениот љубител на IoT (Internet of Things), го живее животот “Like a Bosch”, опкружен со уреди кои се контролираат од далечина, или кои знаат што тој сака и кога сака.
Неговиот аларм се активира во 8 часот наутро, како и неговиот кафемат. Неговата автономна косилка за трева привлекува завидливи погледи од неговите соседи, а роботизираната правосмукалка сама ја чисти куќата. Термостатот одржува идеалната температура во куќата и ја чува природата додека тој купува намирници и ги проверува своите резерви во движење. Рерната се вклучува пред да пристигне дома, а автомобилот сам се паркира, така што тој има повеќе време за да танцува и да ужива во сопствениот успех.
Ако овој начин на живот ви се чини научно-фантастичен, тоа е поради некои производи и можности, кои се уште не се достапни за јавноста, но секако, тоа не чека во иднина.
Она што е важно за ова видео е дека за Bosch, компанија со традиција од 133 години, која што историски се потпираа на конзервативни кампањи, ова претставува значаен чекор во нов тон на комуникација.
Видеото е во режија на Андреас Нилсон од агенцијата Јунг фон Мет, најдобро познат по неговата кампања “Epic Split” со Жан Клод Ван Дам и компанијата Volvo Trucks.
.