По повод кинеската Нова Година, италијанскиот бренд за луксузна мода Bottega Veneta го „облече“ познатиот Кинески ѕид во својата препознатлива зелена боја.
Покрај зелената боја која е дел од визуелниот идентитет на брендот, во инсталацијата е искористена и портокаловата боја на мандарина – овошје кое е карактеристично за кинеската трпеза на овој празник.
На долгата реклама е испишано името на брендот, заедно со пораката „Среќна Нова Година“ на кинески јазик.
Bottega Veneta take over part of the Great Wall for the Chinese Lunar New Year and have pledged a donation to support the renovation and maintenance of the ‘Shanhai Pass’!🖤 pic.twitter.com/PYx0RkhLUB
— Outlander Magazine (@StreetFashion01) January 11, 2022
Како дел од кампањата, луксузниот моден бренд ќе донира и средства за реновација на најисточниот дел од Кинескиот ѕид.
Оваа активност е конзистентна со заложбите и одлуката на компанијата да се тргне од дигиталниот свет и да се посвети на оној физичкиот, реалниот. Имено, Bottega Veneta пред некоја година ги избриша своите официјални профили на социјалните мрежи, поради тоа што тие биле „емоционално празни“.
View this post on Instagram