Во јанаури 2021 година, италијанскиот луксузен моден бренд Bottega Veneta ја изненади целокупната модна јавноста кога целосно се повлече од социјалните мрежи, без трага и глас.
Најпрвин се шпекулираше дека се работи за обид за привлекување внимание во однос на тогаш новата колекција за сезоната пролет/лето, но брендот остана доследен и се држеше настрана од сите социјални платформи цели две години – до сега….
Како што тивко се повлече тогаш, така сега Bottega Veneta неочекувано се појави на кинеската социјална платформа Weibo – без многу бука и фанфари, објавувајќи обично видео со кое ја најавува новата модна колекција за следната сезона езен/зима 2023.
Иако брендот сѐ уште го нема на ниту една од другите, глобални социјални мрежи, треба да се истакне дека нивниот креативен директор Метју Блази сподели слично видео на Инстаграм.
View this post on Instagram
Останува да видиме дали Bottega Veneta целосно ќе се врати на социјалните медиуми, или пак се работи за исклучок направен за „специфичниот“ кинески пазар.