Вообичаено тоа што е квалитетно не се продава со попуст но постои еден ден во годината кога и тоа е сосема оправдано. Швајцарските брендови на часовници и накит се водечки по својот квалитет и тој квалитет ќе Ви биде достапен по намалени цени од 20% за најновите модели до 35% попуст за постарите модели на часовници и накит.
Кај полуксузните брендови Omega, Breitling, Tag Heuer, Longines механизмите се комплетно произведени во матичните работилници за часовници во строго контролирани услови и тестирања пред праќање во продажба.
Tissot, Calvin Klein и Swatch во себе исто така имаат Швајцарски механизам произведен во ЕТА една од водечките фабрики за механизми во светот која што постои од 1793 година. Да не зборуваме за материјалите од кои што се изработени производите. Најфините дисплеи на женските часовници се изработени од најквалитетен седеф Mother of pearl, а дијамантите се со Top Wesselton боја и чистина.
Кога сме кај дијамантите да напомнеме дека во Божиновски часовници и накит може да се пронајде накит со дијаманти од италијанскиот бренд Ititolli, и тој ќе биде дел од Black Friday промоција.
Сервис услугите на Божиновски Dr.Watch ќе бидат исто така со 20% попуст. Вистинско време да ги сервисирате Вашите часовници со делумен и комплетен сервис.
Погледнете само еден дел од најпопуларните зделки за овој Петок, а за останатите Божиновски часовници и накит Ве очекуваат во своите продажни места.