Американската компанија за онлајн трговија Амазон, веќе трета година по ред ја задржа титулата на највреден светски бренд на ранг листата на Brand Finance Global 2020, а кулнтниот италијански производител на луксузни автомобили Ферари остана најмоќен глобален бренд втора година по ред
Како што се наведува во извештајот „Brand Finance“, вредноста на брендот Амазон го проби досега недостижниот праг од 200 милијарди долари.
Имено, вредноста на брендот Амазон од минатогодишните 187,9 милијарди долари порасна за 18% оваа година на 220,8 милијарди долари, надминувајќи го за преку 60 милијарди долари второпласираниот Google и за 80 милијарди долари Apple, кој е на трето место.
На четвртата позиција на највредни светски брендови се наоѓа Microsoft, петти е јужнокорејскиот Samsung, следуваат кинески ICBC (6), Facebook (7), Volmart (8), а листата на првите десет највредни брендови ја заокружуваат уште два кинески брендови – Ping An и Huawei.
Од друга страна, Ferrari е најмоќен бренд меѓу само 12 брендови на ранг листата, со индекс на моќна од 94,1 поени од можни 100 и рејтинг AAA +. Силата на брендот влијаеше и на растот на вредноста на бренот Ferrari за 9,0% на 9,1 милијарди долари.
На второ место по моќта на брендот е Disney, трет е кинески WeChat, а во топ 10 се и Sberbanka, Deloitte, Coca-Cola, Tencent, Rolex, PwC и PayPal.
Ривалските дисконтни ланци на супер маркети, Lidl (12,4 милијарди долари) и Aldi (14,3 милијарди долари) се најбрзорастечките малопродажни брендови и се наоѓаат меѓу првите 10 најбрзорастечки, со скок на вредноста од 40 и 37 проценти соодветно.
На ранг листата оваа година се наоѓаат нови 44 учесници, а највредни меѓу “новодојдените“ е нафтениот гигант Saudi Aramko со вредност од 46,8 милијарди долари.
Кога станува збор за Европа, германските брендови ги надминаа другите земји. Меѓу 10-те највредни брендови на стариот континент, дури 6 се германски брендови, а компаниите од таа земја учествуваат и со 6,0 проценти од вкупната вредност на 500 рангирани глобални брендови.
Ова во голема мерка се припишува на растечката германска автомобилска индустрија, предводена од Mercedes-Benz со проценета вредност на брендот од 65 милијарди долари.
Вредноста на брендот на оваа компанија се зголеми за 8,0 проценти оваа година, благодарение на растот на продажбата од 1,3 проценти на 2,34 милиони возила во текот на 2019 година.
Европскиот сектор на луксузни модели, исто така, забележува значителен раст на вредноста, при што брендот Louis Vuitton се зајакнува за 21% на 16,5 милијарди долари, Gucci за 20% на 17,6 милијарди и Chanel за 19% на 13,7 милијарди долари.