(РЕГИОН) – Бранка Батричевиќ, која досега ја извршуваше функцијата Executive director е унапредена на позицијата Managing Director во агенцијата “MRM Beograd”
Агенцијата “MRM Beograd” е дел од I&F McCann Групата и е еден од пионерите во воведување на модерните медии и технологии во комуникациските кампањи на српскиот пазар и регионот. Во својата работа ги следи високите стандарди на MRM Worldwide мрежата како дел од McCann Worldgroup.
Бранка е дел од самото формирање на “MRM Beograd“. Своето прво искуство во маркетинг индустријата го имала работејќи на традиционални ATL канали на комуникација а преку работата во MRM имаше можност да соработува со сите клиенти на агенцијата што и овозможи разнолико искуство во областа на комуникациите.
Пред основањето на креативната агенција MRM Beograd, Бранка работела во агенцијата McCann Erickson на повеќе различни позиции.