Брендот Skol во Бразил лансира уникатна кампања под називот ‘Reposter’.
Бразилскиот бренд за пиво Skol одлучи да го признае своето сексистичко минато. Во видеото на својата најнова кампања, „Reposter,“ брендот отворено ги сподели поранешните огласи, во кои привлечни жени прилично невкусно се користат како мамка за производите.
„Овие слики се дел од нашето минато … но светот еволуира, а со него и Skol. Тоа нас веќе не не` претставува,“ изјавија од брендот, а потоа им ги дадоа плакатите на шест илустраторки кои ги обновиле, со цел да промовираат една поинклузивна порака со повеќе почит.
Илустраторките се Eva Uviedo, Criola, Camila do Rosario, Elisa Arruda, Manuela Eichner и Carol Rossetti, кои работат за агенцијата F/Nazca Saatchi & Saatchi.
„Го прифатив овај проект, затоа што мислам дека е важно да се деконструираат стереотипите и прерасудите,“ вели Criola, една од илустраторките.
„Reposter“ навистина успешно го прикажува сексизмот како застарен, давајќи живописни и освежувачки реплики на флоскулата “сексот продава“. Но, најдобро од се` е тоа како отворено Skol го признава своето сопствено пробематично минато, и вложи напор тоа активно и отворено да се промени.
„Една работа која што сакав да ја направам е да ги оттргнам жените од улогата на личности кои служат пиво“ додава Arruda, која во својот „reposter“ , ја позиционира жената како потрошувач.
Подолу погледнете ја трансформацијата на трите плакати: