Речиси и да не постои медиум, кој не ја пренесе веста за распадот на бракот на една од најпознатите двојки на денешницата, на холивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли.
Холивудската двојка „Бранџелина“, како што милуваа да ја наречат фановите, го привлече и вниманието на маркетинг тимот, кој стои зад познатиот ниско буџетен авио превозник Norwegian Airlines.
За да ја промовираат својата авио линија за Лос Анџелес, тие ја именуваа кампањата со слоганот „БРЕД Е SINGLE“. Овој слоган, е аплициран на минималискички банер во црвена боја, со деталите за цената на летот. Банерот ги „окупираше“ страниците на повеќето меѓународни весници.
Доколку на twitter одите на хаштагот #norwegianairlines или #brangelina ќе видите еден куп исечоци од весници, од читатели кои ја виделе рекламата и притоа ја споделуваат со коментари за пофалба.
Навистина мудро од Norwegian Airlines, а со ова се потврдува дека real-time маркетингот кој се фокусира на моменталните и релевантни трендови, од коj веднаш се добива фидбек од заедницата и потрошувачите и те како е иднината во маркетингот.