Часовничарскиот бренд Breitling склучи ексклузивен партнерски договор со IRONMAN (дел од Wanda Sport Group Company), една од најтешките триатлонски тркачки серии во светот на која учесниците треба да поминат 3,8 километри со пливање, 180 километри со велосипед и 42,2 километри со трчање и да се стекнат со титулата „Железен човек“.
Претходно, Breitling има склучено индивидуални партнерства со повеќе триатлонски шампиони, а сега својата поддршка за овој сé повеќе популарен спорт ја издигнува на уште повисоко ниво.
Според Георгес Керн, генерален извршен директор на Breitling, перформансите и издржливоста на натпреварувачите на IRONMAN совршено ги одразуваат вредностите на Breitling.
Во чест на новосклученото партнерство, Breitling лансираше нов луксузен спортски часовник во легендарната серија Superocean, лимитиран на само 300 примероци, кој беше претставен на специјални настани во Њу Јорк и Тампа.
Часовникот Breitling Superocean Automatic 44 IRONMAN® Limited Edition има 44-милиметарско челично куќиште и црн дисплеј со препознатливото лого на IRONMAN. Часовникот има црвено Diver Pro III гумено ремче, а бројките, ознаките на дисплејот и стрелките се премачкани со флуресцентна материја што овозможува лесно читање во секакви светлински услови. Хронометарот со COSC сертификат има три стрелки кои покажуваат час, минути и секунди.
Часовникот работи со автоматскиот механизам Breitling Caliber 17 и нуди резервна енергија до 38 часа. Часовникот е отпорен на воден притисок до неверојатни 100 бари, односно 1000 метри длабочина.
На заедниот дел од куќиштето е изгравирано логото на IRONMAN и натписот „ONE OF 300“ („Еден од 300“), нагласувајќи го својот луксузен статус.
Ендру Месик, претседател и извршен директор на IRONMAN, истакнува: „Breitling веќе ја има демонстрирано својата почит кон триатлонот со импресивен тим на триатлети, од кои сите имале одличен успех на нашите најпрестижни настани. Ние сме воодушевени што соработувавме со Breitling во креацијата на нов врвен часовник кој ќе ја слави страста, посветеноста и неверојатните достигнувања на нашите спортисти.“
Часовникот ќе биде ексклузивно достапен преку каналот за електронска трговија на Breitling, во избрани Breitling бутици ширум светот и на лице место на светските првенства на IRONMEN во Франција и Хаваи.
Официјален дитрибутер на часовничарскиот бренд Breitling за Македонија е Божиновски часовници и накит (www.bozinovski.com.mk).