(РЕГИОН) – Brendan Gahan американски стручњак за маркетинг на социјални медиуми, еден од Форбсовите “30 под 30 умови во маркетингот“, како и еден од “160 најдобри млади лидери,“ личен гостин на американскиот претседател Барак Обама, ќе биде претседавач на овогодинешниот Digital Day, кој се одржува на 25 мај во Домот на младината во Белград.
Gahan меѓу првите започна да ги користи YouTube звездите, да оркестрира бројни вирални кампањи и дигитални инфлуенсери, a ја раководел и реализацијата на првата адвертајзинг интеграција на платформите Imgur и Formspring. Редовен е коментатор на разни теми кои се однесуваат на YouTube, гостувал на CNBC, Al-Jazeera и на други медиуми на кои зборувал за тоа како да се привлече вниманието на социјалните мрежи и да се управува со споделувањето на содржина.
На Digital Day, Gahan ќе одржи предавање „Инфлуенсери во маркетингот: епски победи, порази и научени лекции“ во текот на кое на присутните ќе им ја предочи улогата и како да се вклучи влијанието на “дигиталците“ во маркетингот, и ќе сподели примери од најдобрите практики на нивното доведување во врска со брендовите, кои за резултат имале како успешни така и неуспешни кампањи. Според неговите зборови, најголем исчекор во креирањето на успешни вирални кампањи се случува кога агенцијата и брендовите вклучуваат во промоцијата култни креатори на вирални содржини и кога ќе престанат да се „борат“ против нив.
Gahan е основач на агенцијата Epic Signal, и соработува со “Fortune 500 brands” на нивниот YouTube “инфлуенсер” и “community building” кампањи. Член е на советодавниот одбор на Vidcon, најголемиот YouTube собир. Порано работел како VP за Brand стратегија во компанијата Fullscreen, а бил директор на Social Media во креативната агенција Mekanism, каде што бил одговорен за создавањето на вирални кампањи за клиентите како Pepsico, Virgin Mobile, GE, Corona и 20th Century Fox.
Најголемата и најзначајната конференција посветена на дигиталниот и интерактивен маркетинг Digital Day ќе се одржи на 25 мај во Домот на младината во Белград. Конференцијата која е со едукативен карактер, покрај клучните претставници на дигиталниот пазар во Србија и регионот, ги собира и прадавачите од развиените пазари кои со домашната публика ќе ги споделат своите искуства, најдобрите практики и најактуелните трендови во дигиталната индустрија.
Влезници се купуваат исклучиво на сајтот www.digitalday.rs