Минатиот четврток (28 септември), луѓето во градовите ширум светот, како што се Берлин, Ливерпул, Њујорк и Рио, утрото го дочекаа изненадени од новите мурали на ѕидовите во нивните градови.
Изненадувањето им го приреди брендот – водката Absolut. После одличниот ТВ спот, овај бренд продолжува да ја промовира креативноста ширум светот во своите маркетинг кампањи и за овај проект ангажираше седум уметници ширум светот за да направат мурали во една ноќ.
Под водство на ражисерот и уметникот Aron Rose, локалните уметници направија мурали во квартовите во: Рио де Женеиро во Бразил; Ванкувер во Канада; Ченгду, Кина; Берлин, Германија; Мумбаи, Индија; Бушвик, Њујорк и Ливерпул, Велика Британија. Сите уметници работеле од зајдисонце до зори, во различни временски зони од средата навечер до четвртокот наутро.
Темите на сите мурали се однесуваат на одржливоста, рамноправниоста на половите, глобалното единство и слободата на изразување, а целта на Absolut е да ги инспирира луѓето во нивните локални заедници да живеат во поотворен и поинклузивен свет. Во наредните месеци, секој од уметниците, со поддршка на брендот Absolut, ќе води разни работилници и активности во нивните заедници. Сите уметнички дела можат да се купат онлајн преку Absolut.com, а приходите од продажбата ќе ги поддржат локалните иницијативи.
Кампањата ја направи агенцијата Cult, со седиште во Велика Британија, а има претставништва и во Лос Анџелес, Њујорк и Рио.