Мексиканскиот бренд на сладолен Elena го лансираше својот најнов производ – “Adiós Amor Adiós” („Збогум љубов, збогум“), кој треба да им помогне на луѓето побрзо да го „заздрават“ своето скршено срце.
Сладоледот во кофичка се состои од пет слоеви на различни вкусови кои коинцидираат со фазите на скршеното срце: негирање, гнев, тага, прифаќање и надеж. Вкусовите избрани за секоја од овие фази не се случајни, туку добро осмислени. Па така, фазата на гнев предвидува сладолед од зелен чај Мача, кој го подигнува нивото на хормоните серотонин и допамин. За фазата на тага е предвиден сладолед со вкус на црно чоколадо, помагајќи му на мозокот да испушти повеќе ендорфини.
Но, тоа не е сé. Секој вкус на сладолед доаѓа и со посебен QR код во внатрешноста на кофичката, кој кога ќе се скенира нуди специјални услуги и награди. Фазата на гнев доаѓа со можност за бесплатна испорака на облеката на бившиот партнер до локална хуманитарна организација, додека пак последната фаза на надеж доаѓа со бесплатна „златна претплата“ кон платформата за запознавање Tinder.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција VMLY&R Commerce.