Ги паметите ли старите денови кога ќе им дадевте на некоја девојка или дечко посебна плејлиста со музика за да ги освоите нивните срца? Епа сега, Spotify им овозможи на брендовите да го користат истиот трик….
Spotify им овозможи на брендовите да можат да ги спонзоираат најпопуларните плејлисти поставени на сервисот за музика, овозможувајќи им на адвертајзерите да поврзат одредена музика со некоја порака. Спонзорираните плејлисти, како што се наречени, ги поврзуваат огласувачите со плејлисти кои би одговарале на специфичната публика која тие ја имаат на ум врз база на целите на нивните кампањи. Во блог постот со кој беше соопштен овој новитет, Spotify истакна дека ќе соработува со адвертајзерите за зголемување на бројот на стримови на одредена плејлиста за време на спонзорството преку native адвертајзинг, бренд маркетинг и социјални медиуми.
“Размислувајте содржина плус контекст; вистинската порака во вистинско време,” пишуваше во соопштението на Spotify. “На пример, Cardio или Power Workout плејлистите се совршени за бренд за обувки кои се шири од секојдневни чевли кон патики. Тоа е идејата.”
Spotify ќе имa и in-playlist медиа пакети кои ќе вклучуваат поставување на лого, сопственост на првата реклама пауза и 100% Share of Voice. Спонзорираните плејлисти ќе ги има само на бесплатната верзија на платформата.
Многу од 400-те внатрешно уредувани плејлисти на Spotify веќе имаат огромни бази на слушатели. На пример, Today’s Top Hits плејлистата има 8 милиони следбеници, Rap Caviar има 3 милиони, ElectroNOW има 2,5 милиони и Hot Country има 2,4 милиони следбеници. Минатата недела, Spotify соопшти дека нивната Discover Weekly плејлиста била стримувана од 40 милиони корисници.
Брендови како Kia, McDonald’s и Target веќе почнаа со спонзорирање на плејлисти за време на бета-тестовите. Spotify соопштија дека Kia – која ја спонзорирала New Music Friday плејлистата за промоцијата на Kia Sportage – ја искористила својата недела на спонзорирање за да добие click-through стапка дупло поголема од бенчмаркот на кампањата.
Еве едно видео што објаснува како ќе функционираат спонзорираните плејлисти: