Во ред, колку пати сте спуштиле документи или цели фолдери преку овој систем од интернет? Не можете да изброите?
BitTorrent е систем со чија што помош можат да се префрлуваат документи на големи далечини, без разлика на нивната големина, на поинаков начин од “точка А до точка Б” пристапот, односно, документите се распределуваат на начин да сите компјутери кои што се вклучени во префрлувањето сносуваат товар и со тоа го релаксираат целиот систем. Или најпластично објаснето – албумот со самолепливи сликички е цел само доколку ги купите сликичките од неколку пакувања па дури и продавници.
Да се вратиме на маркетингот. На огромни билборди во Лос Анџелес, Сан Франциско и Њу Јорк, беа поставени пораки кои што се во склад со скандалот за севкупно прислушување во САД и со потребата да се регулира интернетот (од некоја навистина непозната причина). Тие беа следните:
– Artists need to play by the rules. (артистите/уметниците треба да играат според правилата)
– Your data should belong to the NSA. (вашите документи треба да им припаѓаат на националната агенција за безбедност на САД).
Овие постери направија вистински buzz. Угледниот Times саркастично прашуваше дали е агенцијата за безбедност таа што ја направила самата кампања, а во дискусијата се вклучија и сенатори и официјални политички лица.
Вчера, и официјално се сменија пораките на билбордите. Тие изгледаа вака:
BitTorrent ја искористи ситуацијата да го покаже вистинското лице на интернетот, даде придонес со свои аргументи во дебатата и секако, ги рекламира своите услуги (кои што не, не се само за спуштање епизоди од сериски филмови). Впрочем и Facebook, Twitter па дури и Владата на Велика Британија за да го следи плаќањето на данок на своите граѓани ги користат услугите на овој сервис.
Граѓаните реагирале позитивно на кампањата. Слободата е ценета.