Како малку познат аспект од надлежностите на Кралските воздухопловни сили на Обединетото Кралство, развојното поле на вселенска одбрана е ставено во фокусот на новата драматична кампања за регрутација која се реализира со помош на креативната агенција House 337.
Кампањата има за цел да ја подигне свесноста кај младите луѓе за широкиот спектар на професии кои можат да се вршат во рамки на Кралските воздухопловни сили и дека сите тие имаат витална улога во формирањето на тимот што ја штити нацијата од неочекувани закани.
Главниот спот на кампањата започнува со сцена која слободно можеше да се најде во некој трилер-акционен филмски блокбастер: високотехнолошка контролна соба каде што тим ги надгледува средствата и имотот на Обединетото Кралство во вселената. Раководителот на тимот им пренесува итна информација за потенцијален сателитски судир кој би резултирал со вселенски отпад.
Потоа гледаме како остатокот од воената авијација се справува со сопствените ситуации под висок притисок. Од логистичките тимови на теренот кои товарат хуманитарна помош, до медицинските лица кои го следат фитнес-тестот на некој пилот, до готвачите кои спремаат храна за сите, вклучувајќи ги самите пилоти кои летаат во временски-чувствителни мисии. Сите овие приказни се расплетуваат при сеопфатниот звук на одбројувањето, бидејќи истекува времето за Вселенската команда да го спречи потенцијалниот судир.
Нивните вештини и потекло се разновидни, но сите се задоволни знаејќи дека се дел од еден здружен тим кој се грижи за непрекинатото функционирање на нацијата. Ова се демонстрира во драматичната кулминација на рекламата, каде што воените авиони го чистат воздушниот простор, а лидерот на Вселенската команда успешно го оддалечува сателитот од потенцијален судир.
„Потребни се сите сили за да се заштити вселената“ – заклучува нараторот на крајот од рекламата, повикувајќи ги гледачите да се придружат на Кралските воздухопловни сили.