Бритиш Американ Тобако ја купи Фабриката за тутун Ровињ за повеќе од пола милијарда евра.
Фабриката за тутун Ровињ (TDR), во состав на Адрис групата, е продадена на Бритиш Американ Тобако (British American Tobbaco – BAT) за 505 милиони евра, соопшти групацијата Адрис.
Трансакцијата освен TDR подразбира и купување на фирма во рамки на оваа група, како што се Истраграфика, Хрватски тутун и малопродажниот ланец иНовине и Опрес.
ТДР на БАТ му продал и 25 процентен удел во Тиск, чиј сопственик е концернот Агрокор.
Според договорот, новиот сопственик е должен да го задржи производството во Канфанар најмалку пет години од моментот на преземањето, и да осигура додатни 50 милиони евра во случај на предвремено затворање на фабриката, што е опција на која денеска типуваат неколку хрватски новинари кои го анализираат овој т.н. договор на годината !