Петтиот по ред SoMo Борец кој и оваа година ќе се одржи на Weekend Media Фестивалот во Ровињ, доаѓа во ново и освежено издание
Од година во година најважната дигитална награда SoMo Борец, расте и напредува во рамките на Weekend Media Фестивалот. И оваа година е така, па петтиот по ред SoMo Борец доаѓа со најмногу новости. Најинтересна е таа што пријавите, откако четири година беа бесплатни, оваа година ќе почнат да се наплатуваат. Цената по пријава изнесува 99 евра, а како што велат организаторите, плаќањето ќе осигура уште поквалитетен SoMo Борец како денес, така и во иднина.
Една од важните новости е и нешто поголемото регионално жири, кое како и до сега, ќе го сочинуваат стручњаци од најдобрите агенции. Исто така, организацискиот тим во процесот на изработка на оценувањето вклучи бихевиорален психолог, кој помогна да го унапреди целиот систем. Промени се направија и во категориите, па нови категории се SoMo Web и SoMo App, во кои се наградуваат најдобрата веб страница, односно најдобрата мобилна апликација.
„Мислам дека најважната промена е системот на оценување, бидејќи ќе овозможи уште поквалитетно жирирање“, истакна Ружица Врдољак Личина од организацијата на SoMo Борец и додава: „Самите категории и инаку ги менуваме често, бидејќи дигиталниот свет се менува брзо и тоа се бара од нас. SoMo Борец малку порасна и после четири години сме многу поискусни, така што денес знаеме дека петтиот по ред SoMo ќе биде најјак и најдобар до сега.“
И оваа година на Weekend Media Фестивалот ќе дознаеме кои се најдобрите дигитални кампањи во регионот, а пријавите се веќе отворени и пријавувањето трае до 7 септември. Сите останати SoMo Борец новитети откријте ги на сајтот на SoMo: www.somoborac.com
Овогодишниот, десетти Weekend Media Фестивал ќе се одржи од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, под генарално покровителство на Adris група. Од предавања и дискусии, Weekend веќе традиционално е резервиран за забави и networking кои оваа година ќе бидат подигнати на ново ниво со бројни изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.