За подобро или за полошо, технологијата наречена „дипфејк“ е тука и веројатно нема да ја снема за брзо. Всушност, таа наоѓа сé повеќе примени низ светот. Најновиот „дипфејк куриозитет“ ни доаѓа од Русија, каде холивудскиот актер Брус Вилис се „појави“ во реклама за телекомуникациски услуги.
Преку употребата на алгоритам кој анализирал 34 илијади парчиња содржина, системот успеал да генерира ското идентичен „двојник“ на Брус Вилис кој зборува перфектен руски и го придружува рускиот комичар Азамат Мусагалиев во хумористична акциона реклама на компанијата МегаФон.
Според информациите, Вилис ја одобрил употребата на неговиот лик во рекламниот спот.
„Сфативме дека можеме да дадеме висококвалитетна содржина без да станеме заложници на пандемиските рестрикции за движење низ светот. Употребата на технологијата овозможува да се снимаат содржините побрзо и за помалку пари отколку да ги донесете познатите личности на сцената,“ објасни Василиј Болшаков, директор за бренд и маркетинг комуникации во МегаФон.
Режисерот Михаил Идов додава дека ова може да биде иднината во кинематографијата на државите од вториот-свет: локални блокбастери со дигитални копии на холивудски ѕвезди кои се лиценцирани за, на пример, 1/10 од нивната вообичаена плата.